- Back to Home »
- ЖивотОнлајн »
- Selfie-то од Оскар Наградите кое сруши светски рекорд на Твитер
Posted by :
robben
Monday, 3 March 2014
Никогаш не сум можел да догледам неко шоу за награди, не поради тоа што не ми се интересни туку поради тоа што неможам да го слушам преводот на македонски кој доцни 10 минути. Освен тоа , тој или таа што преведуваат секогаш ми звучат како да се во најлошо расположение. Оствајки го тоа настрана, вчеравечер беа Оскар наградите. Најинтересно за овие престижни Холивуски награди е фактот што можеме да видиме како сите наши омилени и мега популарни ѕвезди комуницираат, зборуваат, но нај битно од се се сликаат мегусебно. Selfie сликата која ја гледате погоре беше објавена од хостесата на Оскарите, Ellen Degenerous. Оваа слика за помалку од 24 часа се здоби со 2.1 милиони RETWEETS на Твитер и 1.7 милиони FAVORITES. Сликата ги вклучува Елен, Бранџелина, Џеј Ла, Бредли Купер, Џулија Робертс, Мерил Срип и други. Бев фасциниран од фактот дека навистина остануваме starstruck кога ке ги видиме славните ѕвезди заедно, а со тоа им помагаме да рушаат рекорди.