- Back to Home »
- Мобилни Апликации »
- Flappy Bird - мојата болна опсесија
Posted by :
robben
Sunday, 16 February 2014
Фрустрацијата започнува кога ке разберете дека преминот е многу мал а скокот на птицата многу голем. Кога прв пат ја пробав играта неможев да поминам ни до прво "ниво", бидејки динамиката ми беше непозната.После голем број на неуспешни обиди, веке бев завлечен и станав зависник. Морав да го подобрам резултатот. Секој ден и секој слободен момент што го имав, меѓу часови или дома го поминував зјапајки во телефонот и слушајки го тој досаден иритирачки звук на Flappy Bird. Квалитетот и графиците на играта ми наликуваа како нешто од дваесетиот век, но и тоа не ме запираше.
Доволно беа само неколку дена за да се прошири виралноста, а пред да знам сите околу мене станаа како зомби, ќелеши, кои се разминуваа низ ходниците не погледнувајки еден кон друг туку вршејки една и едноставна задача....Сите играа Flappy Bird.
Уште еден доказ дека виралната омраза е вистинска појава во која колку нешто не ни се допаѓа толку повеке е изложено на потенцијална виралност. Ако не беше така, тогаш ни играва немаше да беше толку популарна.
Update: Еден ден играта ја снема. Flappy Bird после еден месец на #1 местото за нај-симнувана игра на Android и Apple App Store, креаторот на играта Dong Nguyen одлучи да ја отстрани од маркетот. Неговите причине се едноставни, тој изјави "Добив многу закани за смрт но и луѓето во живо ми се закануваа дека ке ме натепат бидејки сум им го уништил животот." Една недела пред оваа изјава во Кина беше пријавен случај на фатална тепачка помеѓу двајца брака бидејки едниот добил повисок рекорд на играта Flappy Bird.
И сега најважниот дел:
Според мене оваа игра има 3 од 5 ѕвезди.
Образложено: Покрај очигледните недостатоци како постојаното кочење на играта, не-реактивноста при допир и други технички грешки сепак ценам игра која успева да предизвика емоции кај играчите без разлика дали се легитимни или не.