Selfie-то што ја уништи генерацијата #SelfieNation (Тридневно Чудо-Исповед)
ДЕН 1: ФАЗА 1: Си бил еден амбициозен фотограф кој имаше креативна идеја и беше инспириран од една влијателна фејсбук страница. Таа страна беше Humans Of New York. Доволно едноставна се состоеше од слика и одговор на сликаната личност на некое банално прашање. Еден ден тој одлучи да создаде Humans of ...за неговото училиште. Овде се тргна наопаку. Тој долго време размислуваше околу тоа која девојка да биде сликана. Кога конечно ја избра најконтроверзната теен- девојка, беше објавена слика од девојка од прва година, таа на прашањето "Што правиш на МАЛ ОДМОР?" Одговори "Им правам Selfie на учебниците/книгите.
" Всуштност нејзиниот одговор бил метафоричен за повторување/учење/изразување преку наученото. Но многу ни е познато дека толпата на интернет има свое мислење кое неможаме да го промениме. ДЕН 2: ФАЗА 2: #SelfieNation Како млади и наивни често не размислуваме дали ке повредиме нечиј чувства пред коментирање на некоја објава, посебно преку интернет, каде што немора да погледнеме некого и да размислиме пред да објавиме нешто. Фаза два се состои од злобните коментари кои стигнаа до Директорката на нашето училиште. Со цел одржување на рејтингот на едно училиште, директорката превзеде мерки за отстранување на сликите и коментарите што беа како реакција на истото. ФАЗА 3: Двоен напад на врелокрвни тинејџери не им се вели НЕ! Откако беа превзедени мерки за бришење на коментари и слики веќе познати како #SWAB - Selfie With A Book, учениците на кои им беше напоменето во врска со случајот одлучија дека никој неможе да ги запре во слободното изразување и започна Attack of the Selfies! Над 200 SWAB Слики. ФАЗА 4: Лудило Лудило, SWAB-ови насекаде, зли коментари меѓу кои најлошите беа наредување на девојката која го започна сето ова да си го одземе животот. За мене ова немаше смисла! Бев револтиран и се плашев за таа девојка но и за што може да настане. Истата таа, веќе наречена IT girl, изгледаше како да ужива создавајќи хаос околу себе.. ДЕН 3 : Пеколен Петок: Ова се смета за последниот ден од Фензито што го зазеде нашиот град и нашето училиште. Иако уште не се престанале сликите, коментарите па дури и Фејсбук фан страната SWAB, се чуствуваше крајот на ова. Некако денот беше многу гласен, но и тивок. Кога гледам назад со оваа слика не само што дигнавме прашина туку и завршиме многу пријателства а камоли тоа што на една млада 15 годишна девојка можеа да и создадат сериозни комплекси доколку таа не беше толку и претходно експлоатирана. Претпоставувам дека се навикнала да живее со фактот дека создавањето хаос е претставува неопходна појава за одредена тинејџерки. Откако помина се, ја прашав IT девојката за нејзиното мислење околу парадата со селфи фотки и користењето на нејзините епитети. “- Првиот ден не обратив внимание на таквите провокации, бидејќи веќе се имав соочено со различни ситуации. Но, вториот ден се надминав себеси...селфи фотки на книгите насекаде, епитети насекаде и не само на социјалните мрежи, дури и на улица имаше дофрлувања.. едноставно станав “етикирана”. Сепак, немам толку многу негативни перформанси колку што имам позитивни. Има нова мода, сфатив колку влијаат моите зборови врз нив, дури и колку се практикуваат истите. И да не сакав да бидам во центарот на вниманието, тие ми го овозможија тоа. Јавно Ви благодарам!!” –Прокоментира таа. Заклучок : Што бидна откако помина?Ова го пишувам неколку недели по настанот и што бидна а ? Дали сите се чувствуваат добро зашто “успејале” да разочарат и навредат една девојка. Дали градот од кој потекна Gossip Strumica е задоволен со материјал за оговарање ?! Доволно ли беше ? За прв пат со овој настан се соочив со опасностите на Интернетот и какво големо влијание имаат врз нас и нашиот живот. Како анаонимноста на сите им дава храброст да кажаат СЕ , но и затоа колку некому му е гајле за тоа како една невина личност се чувствува. #LetItGo ..................... -Исповед
После 30ти Април - Кажи Нешто
Миле Грнчаров (A.K.A WhatsTrendingMK) |
Како и да е се надевам дека до 30ти ке можам да објавувам редовно и да направиме еден заеднички бум. Ви благодарам на верноста бидејки овој блог е мојата личност. Оваа е блог на една Интернет Опседната Личност.
3 чудни футуристички работни места кои ке постојат во иднината
1. Носталгичар
Ако имате вишок на пари во иднината а можеби и сега можете да изнајмите дизајнер носталгичар кој ке работи за вас и ке ви дизајнира и создаде соба или куќа од вашето секавање. Можеби сакате куќа од 80тите години, или кујна во која пораснавте гледајки како вашата мајка готви а за да се добие најреална слика можеби преку футуристична машина за екстракција на меморија?! Мене ми е потребно ова веднаш! НАСКОРО!
2. Зашумувач
Со сето загадување на животната средина кое го имаме тешко е да продолжиме да живееме вака доколку не се превземе нешто. Затоа ЗАШУМУВАЧИ ке бидат луѓе чија работа е да ги разрушат напуштените патишта и фабрики/згради и повторно да засадуваат дрвја и да вршат рехабилитација на животната средина.
3. Припрема за Смрт
Психолог кој ке ве спрема и ке ве советува како да си ги поминете последните години од животот. Подолг живот повеке работни места ?