Posted by : robben Friday, 4 April 2014

Твитер Револуција не е непознат термин на интернетот.
Всушност тоа што на светот му е познато како "Арапска Пролет" нам ни е познато како Твитер револуција заради местото кадешто започна. Да скратиме долга приказна и да ви објаснам дека денес ке зборувам за Социјалните мрежи како модерен начин на експресија и дали забранувањето на истите треба да се смета како одземање на правото на слободен говор.
На 21 март во екот на локалните избори во Турција, микроблогот или социјалната мрежа Твитер беше блокирана со цел да се избегне организирање на протести кои би можеле да го нарушат јавниот ред и изборниот процес, што мене лично ме зачуди.
Секако дека бев револтиран бидејки знам дека јас без Твитер не би можел да издржам ниту еден ден но причините зад блокирањето беа тоа што ме револтираа. Всушност граѓаните на една држава имаат право на протест, како едно од основните човечки права а според Турската влада одложувањето или избегнувањето на истите преку Твитер  ке ја "подобри" ситуацијата. Како ?! Еднакво сум збунет до овој дел на блогот или трачарењето што би рекле. Ако граѓаните не се задоволни од изборната листа, од начинот на управување на нивните општини, градови или држава тие ке протестираат и со и БЕЗ социјални мрежи. И да сметам дека блокирањето на истите е одземање на нашите права. Ни гарантираат право на говор, слободен избор а потоа ни го одземаат..... Гласете за нас нели??!!
Објавата сакав да ја насочам кон социјалните мрежи и Твитер повеќе одколку кон политика но мојот револт е преголем за да останам неутрален.
Најмногу ми се допадна како тоа сите Твитерџии од целиот свет последниве две недели го заштитувавме правото на Турците. Светот го насочи своето внимание кон Турција а тоа е уште еден доказ дека Твитер е ЗАЕДНИЦА:

Заклучок : Иако при секоја објава чувсвувам дека треба да извлечам заклучок овој пат го оставам на вам, читателите. Оставете го вашето мислење во коментарите и ако сакате да ме поддржите мене на твитер следете ме : www.twitter.com/officialmile

Leave a Reply

Subscribe to Posts | Subscribe to Comments

НАЈЧИТАНО

Powered by Blogger.

- Copyright © What's Trending Македонија - Metrominimalist - Powered by Blogger - Designed by Johanes Djogan -