- Back to Home »
- ЖивотОнлајн »
- Facebook Chat VS Лице в лице
Posted by :
robben
Saturday, 26 April 2014
Типичен есеј за позитивните и негативните страни на Животот Онлајн.
Од така наречената интернет револуција до денес маскомуникацијата се повеќе тежи кон интернет комуникација а воглавно преку Facebook Chat.
Јас го мразам чатот! Јас го мразам чатот од неговиот егзистенционен почеток.
ЧАТОТ Е ИЗВОР НА ДВОЛИЧНОСТ И КОНФУЗИЈА. Кога пишуваме некому тие не можат, а и ние, да го видиме нивниот израз на лицето. Многу е лесно да ставете :) :D :P на чат но во реалност тоа да не го чувствувате.
Тоа создава вид на анонимност, која некои максимално ја искористуваат. Луѓето добиваат храброст со таа анонимност а мене просто ми е морничава. Откога започна светот на онлајн ЧАТОВИ сите наеднаш се храбри и си најдоа девојки и дечковци. ИЗВИНИ? Врска, било романтична или пријателска која е базирана на второ-рачен контакт ?? На ФБ можете да си пишате со саатови а во живо во очи не се погледнувате. Гледате нешто добро ?!
Ова исто така го прави многу лесно да добиеме погрешен впечаток за некого.
За мене нема подобро од разговор лице в лице. Нема нешто што би го заменило тоа примарно средство за контакт.
Ви се допаѓа ова ? Споделете со некого на чат или лајкнете го....