Posted by : robben Thursday, 17 April 2014

ПОСЛЕ ТРИ ДЕНА КОНЕЧНО СУМ ДОМА.

Со дома сакам да кажам на ИНТЕРНЕТ. 
Ахх.... Како да започнам .....
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ОВАА ОБЈАВА НЕ Е ПОВРЗАНА СО ТЕХНОЛОГИЈА НО СЕПАК Е БЛОГ. 
Последниве три дена бев буквално опседнат со работа. Се започна во недела кога требаше да се спремам за тест по физика, па цел ден потрошив, и да тоа е зборот што сакам да ко користам , потрошив учејки.
Понеделник е училишен ден и половина ден ПОТРОШИВ таму, а другата половина учејки ги Шекспировите дела за натпреварот во Вторник по повод 450 години од раѓањето на Шекспир. Се чувствуваше дека компјутерот ме бара, му требам.....2 дена подоцна.........
Вторник. Уште рано наутро тргнавме кон Скопје (Јас сум од Струмица) и се упативне кон American College. Натпреварот што требаше според наша претпоставка да трае 2 часа траеше 4 :О. Да.
Доброто нешто од уште еден ден без технологија и компјутер беше тоа што се стекнав со второ место на натпреварот, вооппшто не бев разочарен бидејки само е поен ме делеше од првото место. (Од меѓу повеќе од 80 учесници)
Среда: ТЕСТ ПО ФИЗИКА!
Дојде денот. ....Мрачната судбина ме стигна.
Поради тоа што Вторникот го поминав на натпреварот бев ослободен од училиште неколку часа. т.е сите освен по Физика. Кој ме натера, незнам, но одлучив дека треба да го направам тестот. Резултат нема, а не сакам да има.
ЦЕЛ НА БЛОГОТ:
Да ви објаснам зошто ме немаше толку долго, да ви се пофалам и пожалам, а сега да се вратам на технологијата.

Leave a Reply

Subscribe to Posts | Subscribe to Comments

НАЈЧИТАНО

Powered by Blogger.

- Copyright © What's Trending Македонија - Metrominimalist - Powered by Blogger - Designed by Johanes Djogan -