Posted by : robben Thursday 10 April 2014

Пред само неколку дена десетина луѓе "паѓаа" од смеење во берлинското метро, а причината за тоа никому не му беше јасна, но очигледно е дека "заразата" се прошири низ виртуелниот свет и затоа бидете внимателни ако налетате на видеото.

Смешен почеток на многу интересна приказна. Разгледувајки ја дневната доза на вирални видеа налетав на оваа видео кое е старо неколку години. Приказната зад ова е следнава : Берлинскиот клуб Јога на смеата одлучи да се поигра малку со сограѓаните, па така во метрото "вметна" неколку свои членови кои започнаа цела лавина на насмевки.
Иако на почетокот делуваше како само една жена да се "фатила на јадицата", "вирусот на смеење" се прошири со брзина на светлината, и на крајот, луѓето од метрото почнаа да излегуваат со "вриштење од смеење", а новите патници сомнително ги гледаа за после некое време и тие да подлегнат на заразата.
Имено оваа техника е измислена пред 15 години од клубот ЈОГА за намалување на стресот. Благодарение на технологијата немора скапо членство во некој елите клуб, ниту пак терапевт.  Ако сакате ИСКРЕНО да се насмеете и да не знаете зошто се смеете погледнете го оваа видео. 

Leave a Reply

Subscribe to Posts | Subscribe to Comments

НАЈЧИТАНО

Powered by Blogger.

- Copyright © What's Trending Македонија - Metrominimalist - Powered by Blogger - Designed by Johanes Djogan -